Радио Милева за wow ефект

Анета Љумаковска ги освежи усните, сега се уште посочни и повпечатливи

Анета Љумаковска ги освежи усните, сега се уште посочни и повпечатливи

На фолк пејачката Анета Љумаковска, како естрадно име совршено и одговара да прави промени, бидејќи тоа секогаш е потребно за јавноста која наедно ја обожава распеаната битолчанка каква и да се преобразила.

Очигледно е дека Анета сака да биде тренди како и мноштвото битолчанки,  и ги следи тековните тренденции, па не сака да отстапува од истите.

Овој пат, освен тоа што база за промени и е косата, од неодамна забележливо е и дека усните и изгледаат поволуменозно од порано.

Речиси и на рака се бројат дамите од естрадата кои останаа без полни усни, а тука е и Анета која сега од најновата емисија „Никој да не знае“ на Телма, таа изгледа освежено , со уште посочни и повпечатливи усни.

Пред камери ја отпеа новата како што вели женска химна „Жена“, прилика да ја видиме што ново ни спремила визуелно, а за пеењето… сите знаеме дека таа го има едно од македонските златни грла.

За потсетување, Анета како што е добро познато, на ваквите промени тргна откако се разведе, смени музичка група со која настапува, па на тоа се надоврзаа и нејзините промени на имиџот, а  ја најде и својата сродна душа, па свежо и убаво и е и на љубовен план.

 

фото:instagram printscrin/anetaljumakovska2701

To top