Радио Милева возбудата расте

Андријана Петрушовска со втора шанса за победа: Пред финалето во „Ѕвездите на Гранд“ Кеба запеа со македонското девојче (видео)

Андријана Петрушовска со втора шанса за победа: Пред финалето во „Ѕвездите на Гранд“ Кеба запеа со македонското девојче (видео)

Младата пејачка и минатогодишна финалистка во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, скопјанката Андријана Петрушовска, оваа саботата (8-ми Јуни) уште еднаш ќе се докаже и покаже зошто е една од најсериозните кандидати за победа во големото музичко талент шоу оваа сезона.

Андријана ги освои сите гласови во полуфиналето и со тоа обезбеди директен пласман за во финалната вечер. Таа изминатите 13 круга доминираше на сцената и со своите интерпретации и редовно ја воодушевуваше жири комисијата на која само и потврди дека станала уште подобра од лани.

На нејзината енергија и моќен вокал не одолеа да поласна ниту Кеба кој беше присутен на полуфиналната емисија каде зад сцената заедно со Андријана ги вкрстија гласовите пеејќи ја „Македонско девојче“ сакајќи да даде до знаење дека токму таа е неговиот фаворит за победа.

Дека српскта естрада и е наклонета на Андријана и стиска палци за неа, покажа и Драгана Мирковиќ која и поласка на Инстаграм давајќи и до знење дека таа е нејзиниот број еден годинава.

Менторот на Петрушовска Александар Милиќ Мили не може да ја сокрие гордоста и среќата што во неговиот тим остана само таа. Сублимирајќи ги настапите од изминатите месеци наназад во едно видео, Андријана напиша:

Го гледам видеото и плачам од радост. Пресреќна сум што имам луѓе кои ме поддржуваат и кои ги мотивирам… луѓе од кои секојдневно добивам многу поддршка! Креативни сте и многу ми значите! Во сабота 08.06 од 21h следете ја емисијата во живо и ако јас сум вашиот фаворит, гласајте за мене! Настапувам под реден број 20. Да пееме и славиме во финале! Ве сакам сите! ” – напиша Андријана на објавата.

Шлагот секогаш се става на крајот, а за Андријана Петрушовска која најавува изненадување за големиот ден, нема сомнеж дека импресиите ќе останат најсилно не само кај македонските поддржувачи туку и фановите од целиот регион кои ги стекна во изминатите две сезони.

Затоа, сабота на 8-ми јуни да ја поддржиме нашата Андријана и да се радуваме на уште една победа на Македонец во “Ѕвездите на Гранд”.

фото:Instagram printscreen/ andrijanapetrushovska

To top