Радио Милева одличен фалсификат

Андријана Јаневска жртва на сајбер измама: Пејачката на измамниците им даде комплименти за монтажата (фото)

Андријана Јаневска жртва на сајбер измама: Пејачката на измамниците им даде комплименти за монтажата (фото)

Македонската пејачка, виолинистка и педагог, која неодамна стана и доктор на науки Андријана Јаневска, доживеа непријатност каква не очекуваше дека токму неа ќе ја снајде.

Имено, нејзиниот идентитет е злоупотребен со користење на монтирана фотографија за лажна реклама.

Андријана  откако го забележала тоа на социјалната мрежа Фејзбук, и беше тешко да поверува дека некој тоа го направил со нејзиниот лик, а таа не стои позади тоа.

За да се реагира брзо, пејачката сподели јавно на нејзиниот профил на мрежата и откри дека никогаш ниту дала такво интервју ниту пак рекламирала креми против стареење, иако во описот ги пофали за  монтажата сепак не и беше сеедно од она што го виде.

„Ве молам пријавете го профилов, лажен е, не рекламирам никакви креми, ниту сум дала интервју! Инаку, јака им е монтажава со компирот“.  напиша Јаневска во објавата.

Следбениците оставија коментири  со објаснување како и кој можеби го прави тоа, како и  дека комплиментот е во ред  но најдобро е да  пријави онаму што треба.

Инаку, голем дел од јавните личности досега биле злоупотребени на ваков начин, па не е реткост да ги видиме нивни реакции како оваа во случајов.

фото: print Screen/Instagram/Facebook

To top