Во Лапонија се наоѓа селото на Дедо Мраз. Токму тоа место оваа година реши да го посети македонската пејачка Андријана Јаневска.
Таа е позната по тоа дека обожава да патува и да посетува интересни места па така беше и овој пат.
Пејачката со семејството одлучи да замине на една необична авантура, а убавите моменти ги сподели со нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
„Одиме во Лапонија, кај Дедо Мраз“ – јасна беше Андријана.
Јаневска ја сподели зимската магија во која уживаат, а за да биде доживувањето целосно покажа дека се возеле и на моторните санки.
Пејачката има голема страст кон моторите, па невозможно било да не се одлучи и за ски терените во друштво на семејството.
„Snowmobile авантура во Лапонија, Финска“ – напиша во описот на видеото кое го направила додека уживале во снежната идила.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instgaram/andrijana_janevska