За неа велат дека има апсолутен слух… И да кивнеш ќе ти каже од кој тоналитет ти е кивавицата. Професионално, пејачка со врвен глас, одличен виолинст, музички педагог со докторска титула, прва Македонка чиј вокал е искористен во една од најпознатите видеоигри на светот…
Приватно, жена, домаќинка, сопруга на познат музичар, мајка на два сина… Неформално спортски тип, со изразен интелект и авантуристички дух. Одличен шахист, дива моторџика, пасиониран риболовец, несуден спортски коментатор…
Една од најдобрите и најпопуларни македонски пејачки со вокал кој ја ежи кожата, ги бранува емоциите, ја растреперува душата, го разигрува срцето… Но и голем патриот, родољуб, жена која и тоа како си ја сака татковината, родната земја, својот народ, на кои им е исто толку бескрајно посветена.
За сите овие нешта многу подетално, но и за многу други работи кои досега или само сте ги начуле или воопшто не сте ги слушнале на друго место, зашто никаде нема да дознаете ништо слично како во „Ништо лично“ поткастот со Антонио Димитриевски чија гостинка во првото издание е Андријана Јаневска!
Затоа, никако немојте да си допуштите, да пропуштите… Среда, 11. декември 2024, во 20.00 часот – поткастот „Ништо лично“ на Јутјуб каналот на KurirMK