Познатата пејачка, инструменталист и професор Андријана Јаневска, по повод седумгодишниот помен од смртта на нејзината мајка сподели емотивен статус на својот Фејсбук профил.
Тагата за загубата на родител никогаш не стивнува, макар годините минувале, а Андријана во описот на ретро – колаж фотографиите напиша:

-Седум години, мајко, твоето име е моја молитва.
Инаку, мајката на Андријана почина ненадејно, од мозочен удар, на 62 години. Удар за целото семејство и непребол засекогаш.
Ужалената ќерка по смртта на мајка и Нада и ја посвети песната „Летај“.
фото:Instagram printscreen/ andrijana_janevska/ Ивона Кочов






