Пејачката, виолинистка и професор на Факултетот за музичка уметност Андријана Јаневска не е единствената во семејството на која Бог и подарил вонвременски талент и дарба за музика. Пошироката јавност секако ја знае многу повеќе Андријана, следејќи ја сите овие години нејзината кариера, но во фамилијата Јаневски постои уште едно талентирано уметничко име.
Нејзината помала сестра Николина е исто така пејачка, само не во популарниот жанр на музика, туку во оној најтешкиот… Класиката, односо сериозната музика, поточно оперското пеење. Оние кои ја следат класичната музичка уметност знаат дека Николина Јаневска е наша оперска певица, солист во Македонската опера и балет, врвно подготвена да се соочи и со најтешките оперски предизвици вткаени во познатите класични дела.
Едно такво, поточно познатата опера во четири чина „Кармен“ на францускиот композитор Жорж Бизе беше изведена минатиот викенд во Македонската опера и балет (МОБ), во која главната улога ја понесе токму сестрата на Андријана.
Откако Николина која и физички неодоливо потсетува и личи на својата постара и попозната сестра извонредно ја донесе улогата на Кармен, а уште помаестрално ја отпеа, Андријана не можела да ги сокрие своиете емоции.
Таа целокупната радост и гордост и писмено ги изразила со неколку фотографии и статус на својот Фејсбук профил, каде покрај пофалбите за сестра си, ја пофалила и целокупната екипа, детскиот хор, колегите од оркестарот, диригентот…
„Горда на мојата сестра Николина Јаневска која во саботата настапи во улогата на Кармен во истоимената опера!
Честитки до моите најпочитувани колеги од оркестарот и хорот на Македонската опера и балет, како и до сите солисти, детскиот хор Пиколо и останатите учесници!
Огромно браво и до маестро Gianluca Martinenghi кој од оваа година е и шеф диригент на МОБ. Да ви се множат успешни претстави, драги колеги!“ – споделила Андријана Јаневска.
Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска/ Николина Јаневска