Радио Милева семејна симболика

Андријана Јаневска брачниот јубилеј го прослави во бајковитата престолнина на Каталонија: Првата слика дома пред матично, 15 годишнината романтично во Барселона!

Андријана Јаневска брачниот јубилеј го прослави во бајковитата престолнина на Каталонија: Првата слика дома пред матично, 15 годишнината романтично во Барселона!

Познатата македонска пејачка и универзитетска професорка Андријана Јаневска отпатува на популарната летна дестинација, во сончевата Шпанија. Уште при првото пристигнување  во бајковитата престолнина на каталонија, атрактивната пејачка исрати жешка фотографија од  Барселона.

Поточно од песочните плажите на еден од најубавите градови на светот, каде покрај бикини комплетот, македонската музичка уметница покажа каква убавица е, со какво извајано тело и секси стас располага иако оддамна не е тинејџерка!

Но, Андријана во Шпанија не е сама, туку на ова летно патување замина со целото семејство. Поточно со сопругот Гино и двата сина, со кои заедно ги минуваат прекрасните денови и ноќи во градот од соништата. Уживаат слободни и опуштени чувстввајќи се како дома, зашто така им се дало, како да се во наше маало!

А кога сме веќе кај соништата претворени во јаве, пејачката се потсети и на стварноста од пред една и пол деценија… Односно на денот кога таа и нејзиниот сопруг ја круниса нивната љубов со брак, стапувајќи во заедница која среќно трае се’ до ден денеска.

Тогаш  таа во невестински фустан со насмевка под велот, тој во свечен костум потпрени на оградата, како позираат  за првата брачна слика… Тогаш дома, во Скопје, пред матично, а сега 15 години подоцна уште поромантично… Со целото семејство пред катедралата на Антони Гауди позната како „Црквата на светото семејство“ во Барселона.

Може ли да има ли поубава прилика и посреќна симболика за јубилејна прослава од оваа, која (не)случајно ја одбра Андријана Јаневска да ја овековечи на уште една фотографија?! Ова малкумина го умеат и можат, а годините на среќен брак… Ма, нека им се множат!

Фото  и видео: Фејсбук и Инстаграм/Andrijana Janevska

To top