Популарната пејачка Андреана Чекиќ на сцената е повеќе од една деценија, а со текот на годините го менуваше физичкиот изглед во граници кои не вклучуваат операции и големи зафати.
Сепак, таа неодамна реши да влезе под нож и да ги поправи градите.
Андреана немаше силиконски импланти, туку имаше бујна природна предница, но долго време имаше желба и потреба да ја намали.
-Андреана ги намали природните гради, бидејќи извесно време имаше проблеми со ‘рбетот, а мислеше дека подобро ќе и прилега малку помала града и дека ќе се чувствува подобро во секоја смисла – изјавил извор за Телеграф:
– Операцијата ја направи пред повеќе од еден месец, темпираше да биде пред шпицот летниот период кога пее речиси секој ден. Закрепнувањето помина навистина добро, таа се чувствуваше навистина одлично веќе неколку дена по процедурата. Сега таа е презадоволна. Андреана сега работи со „полн гас“, а додека трае летната сезона, таа и нејзиниот тим го подготвуваат вториот дел од албумот, откако првиот, кој содржи четири песни, одлично помина кај публиката.
фото: print Screen/instagram/andreanacekic