Анастасија Ражнатовиќ и го честиташе роденденот на својата свекрва Оливера Гудељ и објави заедничка фотографија.
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ на својот профил на Инстаграм упати искрени роденденски честитки до својата свекрва, Оливера Гудељ.
„Среќен роденден на мојата убава свекрва. Нека оваа година ви донесе многу радости, љубов и многу убави искуства. Бог секогаш да ве благослови“, напиша Анастасија, споделувајќи ги јавно своите желби.
View this post on Instagram
Фудбалерот Немања Гудељ, кој живее со својата сопруга Анастасија во Севиља, Шпанија, неодамна сподели моменти од празничното расположение на Инстаграм.
Семејството Гудељ покажа дека, и покрај обврските и далечината, секогаш наоѓа време за да ужива во празниците и да ја слави блискоста. Овие фотографии дополнително ги радуваа обожавателите на семејството, кои ги преплавија со позитивни коментари и честитки.
Топлата семејна атмосфера на Анастасија и Немања е уште еден доказ дека љубовта и поддршката се најважни, особено во празничниот период.
фото: printscreen/instagram