Радио Милева искрена

Ана Радуловиќ откри што променила кај себе: „Многу приказни за мојот изглед не се вистинити“

Ана Радуловиќ откри што променила кај себе: „Многу приказни за мојот изглед не се вистинити“

Ана Радуловиќ призна дека ги коригирала усните и градите, додека ботоксот не го смета за естетска интервенција. Таа ги демантираше и тврдењата дека го оперирала носот и јаболчниците.

Таа вели дека лошите коментари не ја погодуваат и дека морала да се дистанцира од критиките за да не се оптоварува со нив.

„Не ми пречат лошите коментари“

„Ги работев усните и градите. Ботокс работам, но тоа не го сметам. Наидувам на коментари дека сум го работела носот, па и јаболчниците. Така изгледа бидејќи природно имам малку поголеми јаболчници. Склона сум и кон отекување, па можеби затоа така изгледа. Не ме погодуваат лошите коментари, навистина не се оптоварувам со тоа. Во еден момент морав сама со себе да расчистам – или да се исклучам или да полудам“, раскажа Ана за „Full Screen Media“.

Ана неодамна се присети и на односот со Мирче Радуловиќ, нејзиниот поранешен сопруг.

„Ние сме два различни света. Одлично функциониравме како родители, јас многу работев, имав и ноќни смени, а некој можеби не би го разбрал тоа. Но, го немаше најважното – љубовта. Недостигаше нешто. Веќе немаше заљубеност. Мислам дека и двајцата бевме свесни за сè, но не разговаравме за тоа. Еден ден моравме да се соочиме со реалноста. Разговаравме и сфативме дека не одиме во добра насока. Видов дека не е среќен со мене. Приказните дека сум го изневерувала не се вистинити“, изјавила Ана.

To top