Лице в лице

Ана Петан: „Белградска пролет“ ми даде крилја (ВИДЕО)

Ана Петан: „Белградска пролет“ ми даде крилја (ВИДЕО)

Неодамна на „Белградска пролет“ нашата Ана Петан, млада пејачка со огромен вокален потенцијал со „Балада за анѓел“ предизвика огромни овации кај публиката. Совршена интерпретација, аплаузи и споредба со Маја Оџаклиевска па песната што ја потпишуваат Григор Копров, Душан Бачиќ и Стефан Петановски многу брзо стана една од најслушаните на фестивалот. Стивнаа впечатоците од фестивалот „Белградска пролет“, каде имаше можност да бидеш во друштво на познатите музички имиња Јелена Томашевиќ, Гоца Тржан, Екстра Нена, но и пејачки од екс ју- Вана, Јасна Госпиќ…

Велат дека требаше да ја добиеш наградата за интерпретација, но и без неа си супер. Впечатоци? – Ми беше чест и задоволство да настапувам на „Белградска пролет“, каде, слушнав, биле пријавени 323 композиции, а се натпреваруваа 19 песни, од кои и мојата „Балада за анѓел“. Тоа е одлична стартна позиција! Генерално се чувствував многу возбудено и гледав најмногу што можам да уживам. Но исто така ги упивав сите искуства додека траеше фестивалот и секако се концентрирав на мојот настап. Голем фестивал и убав град, ова беше и моето прво одење во Белград – прекрасен град со многу душа и многу убава енергија!

Кога излезе на сцена, верувам те понесоа емоции…

– Подготовките за настапот се одвиваа преку неколку проби, меѓу другото имавме две генерални проби што течеа брзо, експедитивно и денот пред настапот беше многу продуктивен. Кога излеговме на сцена, немав премногу трема, повеќе беше позитивна возбуда. Сепак, самиот фестивал, песната, сите тие големи имиња, свечена атмосвера и сознание дека не си во својата земја па сакаш да бидеш најдобар, ми направи да треперам повеќе од обично… Ама кога тргна првата строфа, тоа стивна и мене ме понесе песната… Кога заврши се, слушнав големи аплаузи, прекрасни коментари што навистина многу ме инспирираат.

Со брат ти Стефан, кој те придружуваше на сцена, сте идеална музичка комбинација. Верувам, продолжувате заедно и понатаму?

– Стефан ми е најголемиот столб и поддршка во животот за сѐ, и сум прерадосна што сме заедно во ова искуство. Инаку песната „Балада за анѓел“ е на Григор Копров,текст на Душан Бачиќ, а аранжманот го правеше брат ми Стефан Петановски. Продолжуваме и понатаму со многу интересни проекти!

To top