Радио Милева жолта круна

Ана Николиќ јавно и се обрати на девојката на Раста – Еве како ја нарече (фото)

Ана Николиќ јавно и се обрати на девојката на Раста – Еве како ја нарече (фото)

Пејачка Ана Николиќ изненади многумина откако на Инстаграм ѝ се заблагодари на девојката на нејзиниот поранешен партнер Стефан Ѓуриќ – Раста, Марија Балабан, затоа што се грижела за нејзината наследничка Тара.

Имено, Ана покажа дека меѓу нив нема лоша крв, па покрај тоа што и се заблагодари на социјалните мрежи Марија ја нарече кралица.

Пофалбата се должи на тоа што Балабан многу убаво се грижи за заедничката ќерка на Николиќ и Раста, Тара, и на овој начин дефинитивно покажа дека меѓу нив постои хармоничен однос.

„Марија, ти благодарам што ја сакаш Тара. Па, кралица! Само нека е весело“, напиша Николиќ, а покрај сликата на Балабан стави и емотикони од срца, како и жолта круна.

фото: printscreen/instgaram

To top