Пејачката Александра Младеновиќ ја откри вистината за нејзиниот однос со колешката Милица Павловиќ.
Двете беа во „Ѕвезде Гранда“, а сега Александра откри дека повеќе не сака да ѝ се јавува.
– Кога излезе нејзиниот албум, се сеќавам, ѝ честитав, а таа имаше арогантен став кон мене. И после тоа, немав потреба повторно да се јавувам – рече Александра рамнодушно.

– Бевме на свадба, ѝ честитав на Милица, наместо да каже „благодарам“, таа рече: „Да, сè е во тренд и ќе биде допрва!“… Таа беше навистина арогантна и дрска. Никогаш не се каравме, но… – додаде Младеновиќ во емисијата „Амиџи шоу“.
Да ве потсетиме, роденденот на Александра Младеновиќ беше пред неколку дена.

Таа објави за тоа на социјалните мрежи, а следеа бројни честитки од нејзините колеги, но не и од Милица.
фото:Instagram printscreen/aleksandra_mladenovic_







