Старлетата Александра Суботиќ ја разбесни јавноста кога објави фотографија по излегувањето од фризерскиот салон и откри дека за овој потег потрошила околу 3.000 евра! Имено, поранешната учесничка во реалното шоу отишла во салон за убавина и барала да и стават банкноти во косата, поточно вкупно 3.000 евра.
– Како што гледате, во рака имам 3.000 евра. Дојдов во фризерскиот салон за да ја направам најскапата фризура во Србија – истакнала Александра во видеото.
Фризерите се договориле на старлетата да и ја направат фризурата со пари, а после тоа таа решила гордо да шета низ градот.
– Убаво ми е, но се плашам – изјави Александра пред да излезе во јавност.
Бидејќи не се чувствувала безбедно со огромна сума на пари во главата, ја следело обезбедување додека се шетала низ улиците на Нови Сад.
Овој потег на поранешната натпреварувачка во ријалити го поддржаа многумина, сметајќи дека е симпатичен и интересен, но имаше и жестоки осуди.
View this post on Instagram
фото: printskrin/instgaram