Пејачката Александра Младеновиќ синоќа имаше настап во еден локал.
И додека се чинеше дека ноќта ќе помине како и редовно сосема нормално, излезе видео кое насмеа многумина.
Имено, еден од фановите од публиката ги изненади сите присутни со тоа што извади прстен и пред сите ја запроси пејачката.
Но, Александра храбро ја одбила оваа понуда, наведувајќи дека веќе е зафатена.
Пејачката се само се насмеала, а потоа го одби момчето со зборовите „не, зафатена сум“, што претпоставуваме дека му го скршило срцето.
Овој инцидент предизвика големо внимание во јавноста и стана предмет на бројни коментари.
Оваа ситуација дополнително ги подгреа веќе постоечките шпекулации за наводното раскинување на Александра Младеновиќ и нејзиното момче Дарко Добричанин.
Неодамна и двајцата ги избришаа заедничките фотографии од социјалните мрежи, што предизвика лавина коментари и шпекулации за нивниот емотивен статус.
Иако и двајцата го негираа раскинувањето, во јавноста сè уште се шпекулира за можни „проблеми во рајот“.
фото: printskrin/instagram