Адел во моментов е во Минхен, каде што ќе има концерти до крајот на месецот, а веќе на вториот концерт го привлече вниманието на светската јавност со една постапка.
Својот прв концерт Адел мораше да го прекине за да соблече дел од својот фустан кој беше воден од дождот, а вториот го прекине за да ги гледа Олимписките игри кои се одржуваат во Париз.
Стануваше збор за женското финале на 100 метри, кое Адел го пушти на големиот екран за да го проследат сите 80 илјади присутни фанови.
Adele has stopped the concert and the screens started playing women’s 100m final. #Olympics
— Adele Stats (@StatsAdele) August 3, 2024
На таа трка златото го зеде Џулијен Алфред со првиот медал за Света Луција, среброто ѝ припадна на Шакари Ричардсон од САД, додека брозната ја зеде Мелиса Џеферсон, исто така од САД.
Со овој потег Адел ги воодушеви фановите, кои снимките од тоа ги споделија на социјалните мрежи.
„Кралицата дава поддршка на други кралици“ беше еден од коментарите.
Адел својот престој во Минхен го започна на крајот на минатата недела, каде што ќе настапува два пати неделно се до 31 август, кога се враќа во Лас Вегас.
фото: printscreen/instagram/Adele