Дека Охрид и Струга знаат да се почитуваат и градат добри меѓуградски односи, потврда се пејачите Даниел Кајмакоски и Александар Јосифовски.
Она што ги поврзува е музиката, но и тоа што и двајцата животот ги однесе кај севениот сосед. Нивната семејна база сега е во Белград, за едниот од поодамна, за другиот од скоро.

Како професијата, така и љубовта, ги врзува за српската престолнина, но корените кои влечат од охридско- струшкиот крај, сигурно силно ги поврзува за да имаат блискост.

Потврда за ова беше една од нивните белградски ноќни приказни во клубот каде Александар настапувал, а Даниел дополнително му ја разубавил вечерта за што се пофали и му поласка на Инстаграм.

-Кога мислев дека е убава вечерта, цела вечер, на крај Даниел Кајмакоски ја разубави уште толку, дојде на посета во еден од локалите во Белград каде што настапував со грушата. Нашиот слајвеј, Даниел кајмакоски- напиша Александар во описот на заедничката фотографија со својот колега.
Даниел пак, кога ја виде објавата на Александар, не ни помисли да остане должен, туку веднаш ја (ре)објави фотографијата и напишаното, па кусо се надополни, повторно со комплимент:
„Господин Маестро Александар Јосифовски“ – напиша Даниел.
Далеку од дома, македонското срце чука уште посилно!
фото:Instagram printscreen/alexandarjosifovski/daniel_kajmakoski




