Радио Милева изборно искушение

Презентерот на временската меѓу меракот и борба со тежината: Спасе Рола утрово е на смути, ама за ручек умот му го „мути“ и обзема многу посочна гастрономска дилема!

Презентерот на временската меѓу меракот и борба со тежината: Спасе Рола утрово е на смути, ама за ручек умот му го „мути“ и обзема многу посочна гастрономска дилема!

ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска и презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе Рола Јовановски не само што се колеги од „комбинатот“, туку и одлични долгогодишни пријатели.

Неретко заедно излегуваат, одат по разни настани, манифестации, „дешавки“, одат на викед излети или заедно летуваат… Спасе Рола До Бола и Лила, нему до пол(овин)а! И во широчина и во височина! Ова второто не е ни така важно, конечно високите потпетици , т.н. штикли лесно ќе ги направи речиси исти, ама широчината… Е тоа евеќе проблем, ако е прекумерна, како кај Спасе, зашто Лила никогаш таков проблем и немала.

До душа фотографиите од пред „икс-ипсилон“ години убаво покажуваат дека тогаш и двајцата исто изгледаат, арно ама… Со текот на годините кај презентерот на временската, растат килограмите.

Токму затоа денес Спасе Јовановски изгледа многу погабаритно иако еднакво фраерски. Затоа решил да се стави под контрола, поточно презентерот да го започне денот со овошно смути. Ем здраво, ем хранливо, ем нискокалорично, ама и… нему недоволно! Течен појадок – да, ама веднаш потоа умот му бега… Уште не го ни допил, а истото тоа смути веќе умот му го „мути“, па за следниот оброк, т.е. ручекот, веднаш  го   обзема многу посочна гастрономска дилема:

„Додека го допивам смутиво и си мислам, дали да јадам еден смеш бургер за ручек“?

Здравје и убавина или рани душа да те слуша? Спасе Рола во искушение, кое решение да избере?

Фото:  AI Chat GPT/Instagram/rolladobolla

 

To top