Македонската трап пејачка Дијана Дурлевиќ попозната под уметничкото име Дијана Оу-Џи се со своите нови песни и дуети се обидува да прави паралелна кариера. И во македонија и во соседна Србија, па зошто да не и во регионот. Колку намерата ќе и успее, допрва треба да видиме.

А кариера без медиуми и медиумски настапи не се прави, па така русокосата пејачка решила да гостува кај една нова , млада јутјуберско-поткастерска фаца, која особено помладата генерација го познава само под неговото презиме – Поповиќ. Не е саша, „малиот“ е Никола.

Меѓудругото тој на Јутјуб „го вози“ своето поткаст „ВИП Такси“, како што му се вика форматот, во кој на совозачкото седиште на гости му беше и Дијана Оу-Џи! Пејачката не дека е „светица без гревови“, која самата си ги признава и чесно си ги плаќа, како на пример неодамнешната затворска казна во Србија, во Идризово и домашниот притвор, заради стари „детски болести“, но не пак дека и не е дама, кон која пристојното однесување треба да ти биде вметнато дури и во провокативно прашање.

Дискретно, ненаметливо и неповредливо, а не брутално директно- „с неба па у ребра“ – што би рекле комшиите „са севера“, ама…

Интервјуто е занает, што се учи, а неук не се излегува на ветрометина… Зашто наместо соговорникот, можеш ти да го окркаш! Од гонич, стануваш жртва, која потоа „цимоли и моли“, па на крај се извинува… Што до душа е многу логично и пристојно, ама сепак… Пред да се „извињаваш“ – треба да внимаваш… Во случајов, што прашуваш!

Имено, познато е дека Дијана Оу-Џи беше една од првите македонски естрадни уметници, која отвори своја „Онли фанс“ страница за возрасни. И тоа не е ниту тајна, ниту грев, а не ќе беше ниту прашањето во врска со истата, „малиот јутјуб шофер“ да не тргна да ја прашува онака полн со самодоверба смело, дали навистина пејачката за пари го продавала и физички своето тело?

По реакцијата на Дијана, Поповиќ како да го пресекла катана… на половина!
„Гаси камера, кочи, толку од мене, излегувам, си одам…!“
Ама чекај, ама немој, дај те молам, не зае*авај сега, треба да доснимиме“… И ред други поплаки и молби од дечкото, некако ја убедиле пејачката да се врати на совозачкото.
View this post on Instagram
Моментот на вистината сепак споделен на Инстаграм, како и извинувањето на „такси јутјуберот“, кое Дијана Оу Џи и покрај се’, сепак ќе го прифати и ќе му подаде рака!

Остана само дилемата кај пејачката: Дали за непристојното прашање во неговото ВИП Такси, Дијана Оу Џи на Никола требаше да му врзе една пристојна воспитна шлаканица?


Фото: Инстаграм/popovic.official/iamdijana.og/АI-Chat GPT





