Радио Милева „БЕЈБИ БУМ“ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП!

Џеј Ди и Уша Венс добија син: Прво бебе на актуелен американски потпретседател по повеќе од 150 години

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и сопругата Уша го добија четвртото дете. Малиот Алек Нил е првото бебе родено на актуелен потпретседател на САД во последните век и половина, со што парот и лично даде пример за нивните заложби за зголемување на наталитетот.

Џеј Ди и Уша Венс добија син: Прво бебе на актуелен американски потпретседател по повеќе од 150 години

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и неговата сопруга, втората дама Уша Венс, го добија своето четврто дете. Во неделата наутро тие го поздравија раѓањето на нивниот син, Алек Нил Венс, испишувајќи притоа и мал дел од американската историја.

„Возбудени сме да објавиме дека нашето момче, Алек Нил Венс, се роди утринава. Уша и бебето се среќни и здрави, а нашите деца се пресреќни што ќе го запознаат својот мал брат“, објави Венс на социјалните мрежи во заедничка изјава со неговата сопруга.

Алек им се придружува на своите постари браќа и сестри: Јуан (9), Вивек (6) и Мирабел (4), со што нивната резиденција во Поморската опсерваторија е сега целосно исполнета. Парот изрази благодарност до лекарите и персоналот во Националниот воен медицински центар „Волтер Рид“, како и до медицинскиот тим на Белата куќа за грижата за нивното растечко семејство.

Ова раѓање влегува директно во историските книги на Соединетите Американски Држави – Алек е првото дете родено на актуелен потпретседател во последните повеќе од 150 години. Последен пат вакво нешто се случило во 1870 година со раѓањето на Скајлер Колфакс Трети, чиј татко ја извршуваше функцијата потпретседател во тоа време.

Приновата совршено се вклопува во јавните залагања на 41-годишниот Венс, кој постојано ги повикува Американците да имаат повеќе деца поради загрижувачкиот пад на наталитетот. „Сакам повеќе бебиња во Соединетите Американски Држави“, изјави тој категорично на овогодинешниот марш против абортусот во Вашингтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vice President JD Vance (@vp)

Венс претходно навести дека смртта на неговиот пријател и конзервативен активист Чарли Кирк, кој беше убиен минатиот септември, имала влијание врз нивната одлука. Вдовицата на Кирк, Ерика, тогаш изјавила дека посакува да имала повеќе од две деца со својот сопруг. Во неодамнешното интервју, 40-годишната Уша Венс за ова истакна: „Тоа што го кажа Ерика за нејзиното семејство беше многу моќно и трогателно за двајцата. Тоа не беше пресудниот фактор, но се случи во средина на разговор кој веќе го водевме и мислам дека веќе бев поотворена за таа можност.“

Кога Уша ја објави својата бременост во јануари, таа привлече големо внимание во јавноста носејќи фустан за трудници од марката „Old Navy“ кој чинеше само 8,75 долари. Овој потег го натера Џеј Ди на шега да изјави дека планира да ја номинира својата штедлива сопруга за следен директор за буџет на државата.

Инаку, администрацијата на претседателот Трамп неодамна бележи вистински мал „бејби бум“ меѓу клучните фигури. Заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер и неговата сопруга Кејти неодамна го добија своето четврто дете, додека портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, во мај го доби своето второ дете.

Овие радосни вести во политичкиот врв доаѓаат во време кога наталитетот во САД е на историски минимум, паѓајќи на околу 10,7 раѓања на 1.000 жители, што е поттикнато од високите трошоци за живот, одложувањето на браковите и пошироки културни фактори. Вкупната стапка на фертилитет е падната под 1,6 деца по жена, што е далеку под нивото на замена од 2,1 кое е неопходно за одржување на стабилноста на населението.

To top