Радио Милева „морски ТВ ѕвезди“...

Лила и Јована добро знаат дека леопардовиот принт е вечен хит: Во едноделен костим или бикини, важно е да изгледаш секси како дива ѕверка, секој што ја мерка

Лила и Јована добро знаат дека леопардовиот принт е вечен хит: Во едноделен костим или бикини, важно е да изгледаш секси како дива ѕверка, секој што ја мерка

Тие двете се едни од најпознатите македонски ТВ водителки. Лила Филиповска и Јована Стојменовиќ не само што се водтелски бренд на ТВ Сител, туку се и многу повеќе од тоа. Добри другарки кои се познаваат со децении, а добро упатените велат дека токму Лила која и претходно веќе имаше телевизиско искуство ја донесе Јована во ТВ Сител за да биде дел од утринската програма, каде што е незаменлив дел од екипата до ден денеска.

Но, не само на ТВ екраните и во телевизијата, туку ѕтие често се заедно и надвор од неа, во приватниот живот, каде неретко се дружат, излегуваат, патуваат и летуваат…

Таков е случајот и ова лето во кое двете познати ТВ лица, како најдобри пријателки деновите заедно ги минуваат на море.

Најновите фотографии од нивниот летен одмор и овој пат предизвикаа вистинско Инстаграм цунами од пофалби, комплименти  и  коментари.

Двете водителки споделија фотографии на нивните Инстаграм профили на кои позираат во впечатливи костими за капење со леопардов принт – моден тренд што е вчен хит.

Лила во едноделен, Јована во бикини… Моделот различен, ама шарата иста… Двете  македонски ТВ убавици во костими за капење со идентичен, леопардов дезен позираат крај морскиот брег на топлиот сончев ден.

А, кога Јована и Лила ќе се појават заедно, убавината, сексапилот и возбудата секогаш одат рака под рака. Во едноделен костим или бикини, важно е да изгледаш секси како дива ѕверка, секој што ја мерка!

Патем, нивните фотографии уште еднаш докажуваат дека некои модни комбинации никогаш не излегуваат од мода и секогаш се атрактивни… Впрочем, како и овие две „морски ТВ ѕвезди“!

Фото: Инстаграм/lilafilipovska/jovana_na_na_na

To top