Радио Милева ни трага од него

По приказните за Јаков Јозиновиќ, Џејла Рамовиќ отпатува и објави фотографии што сите ги коментираат

По приказните за Јаков Јозиновиќ, Џејла Рамовиќ отпатува и објави фотографии што сите ги коментираат

Откако во јавноста се појави снимка на која Јаков Јозиновиќ на брод разменува нежности со девојка за која многумина тврдат дека неодоливо потсетува на Џејла Рамовиќ, со денови се шпекулира за нивниот наводен однос.

Сепак, ниту Јаков ниту Џејла не сакаа да ги коментираат овие наводи.

Пејачката, која и инаку својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста, одлучи да се посвети на одморот. Имено, Џејла ги спакува куферите и отпатува во Париз, од каде на следбениците им се јави со серија фотографии.

За оваа прилика одбра црно тесно здолниште и краток топ кој го истакна нејзиниот рамен стомак и витка фигура, а оваа фотографија предизвика голем број коментари на социјалните мрежи.

На фотографиите во позадина јасно се гледа Ајфеловата кула, а друштво ѝ правеа пријателките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DZEJLA RAMOVIC (@dzejlaramovic)

Покрај објавата кратко порача „Женско патување“, со што откри дека во француската престолнина отпатувала во друштво на пријателките.

фото:instagram printscreen/dzejlaramovic

To top