Мегафон СКОПЈЕ ЌЕ НАЗДРАВИ СО СТИЛ

„Вино на штикли 2026“ – вечер на гламур, вино, музика и незаборавна атмосфера

На 9 јули, на Ragusa 360 Rooftop, посетителите ќе уживаат во дегустација на над 200 вина, музика во живо, гастрономски специјалитети и акустичен настап на хрватската пејачка Бернарда Бобовечки.

„Вино на штикли 2026“ – вечер на гламур, вино, музика и незаборавна атмосфера

На 9 јули, четврток, на терасата со еден од најубавите погледи кон Скопје – Ragusa 360 Rooftop – ќе се одржи осмото издание на винскиот салон „Вино на штикли“, настан кој веќе прерасна во препознатлива градска приказна за виното, стилот, музиката и софистицираното уживање.

И оваа година салонот ќе понуди богато винско доживување преку внимателно селектирани над 200 вина од домашни и странски винарии. Од свежи и лесни бели вина, преку нежни розе нијанси, до структурирани и комплексни црвени етикети, „Вино на штикли“ ќе биде можност за откривање нови вкусови, вински приказни и етикети со карактер.

„Вино на штикли“ е вечер во која виното, гастрономијата, музиката и стилот се спојуваат во едно целосно сензорно искуство.

Овогодинешното осмо издание ќе биде збогатено со акустичен настап во живо на Бернарда Бобовечки од Хрватска – млада вокална сензација и еден од најавтентичните гласови на регионалната музичка сцена. Препознатлива по својот моќен и емотивен вокал, Бернарда е кантавторка, пејачка и гитаристка со автентичен израз и впечатлива сценска енергија. Нејзината изведба ќе донесе незаборавни музички рефрени, силни емоции и интимна акустична атмосфера, совршено вклопена во елегантниот амбиент на „Вино на штикли 2026“.

Настанот останува верен на својата препознатлива енергија – да ја слави женственоста, самодовербата, креативноста и љубовта кон доброто вино, но истовремено е отворен и за сите џентлмени и вински љубители кои знаат да препознаат префинет вкус, добра етикета и вечер со посебен карактер.

Настанот започнува во 19:00 часот, а билетите се достапни преку официјалната веб-страница:
https://vinonastikli.com/vleznica/vino-na-stikli-2026/

Влезница за „Вино на штикли 2026“

Купете ја Вашата влезница навреме и обезбедете си место на најелегантната винска вечер во Скопје. 🍷

To top