Радио Милева масовен бран апсења

Голема акција на турската полиција – уапсени се мегапопуларен пејач и две актерски ѕвезди

Голема акција на турската полиција – уапсени се мегапопуларен пејач и две актерски ѕвезди

Во масовна операција на турската полиција против елитната мрежа за дрога, на некои од најголемите ѕвезди на јавната сцена им беа ставени лисици во Истанбул.

Меѓу 22-цата приведени се мегапопуларниот пејач Кенан Догулу, како и актерските ѕвезди Берен Сат и Енис Арикан.

Во Истанбул утрово настана вистински хаос откако Основното јавно обвинителство започна нов, масовен бран апсења како дел од истрагата што исклучиво ги таргетира познатите личности. Како што е познато, операцијата беше спроведена под превезот на строга тајност како дел од борбата на државата против наркотиците што го загрозуваат јавното здравје и безбедност.

Специјални тимови на Дирекцијата за борба против наркотици на полицијата во Истанбул спроведоа координирана операција откако ги лоцираа осомничените за кои веќе беа издадени потерници.

Според информациите што репортерката на CNN Türk, Мерве Токаз, ги објавува ексклузивно од терен, турската забавна и актерска елита се најде во сериозен проблем.

Меѓу првите приведени беа:

Кенан Догулу – еден од најпознатите турски поп-пејачи и музичари

Берен Сат – позната актерка (најпозната на нашата публика по нејзините улоги во сериите „Забрането овошје“ и „Изгубена чест“)

Енис Арикан – познат актер и телевизиска личност.

Извори блиски до истрагата наведуваат дека ова не е конечниот список. Операцијата е сè уште во тек, а бројот на приведени јавни личности би можел драстично да се зголеми во блиска иднина.

фото: Freepik/ Youtube printscreen/Kenan Dogulu/ printscreen/Linda Imami

To top