Домаќинката на телевизиското кулинарско шоу „Гответе со Дракче“, Драгица Стевковска, важи за еден од најпозитивните ликови од јавната сцена во последно време.
Кај неа во емисија може да се видат гости од разни профили, а таа е секогаш истата… ведра, несмеана, распеана.

Кај Дракче се готви со љубов, а кога рецептот е зачинет со таа најважна состојка, тогаш крајниот резултат секогаш е за петка.
Дека гледачите и гостите ја почитуваат, Дракче покажа на Фејсбук со тоа колку еден мал, а голем гест во знак на внимание и направи убаво и радост на душа што и разбуди убави чувства.
Иако не именуваше за кого станува збор, таа се пофали со корпа цвеќе која ја добила од еден гостин во нејзината емисија.

-Ги почитувам гостите и тие мене, стои кусо како дополнување.
Подарувањето цвеќе како знак на внимание е безвременски гест со кој пренесувате почит, благодарност или наклонетост, без потреба од посебен повод.
Затоа, следно кога ќе треба истото да го покажете некому, воопшто не мора да се мислите- изборот е јасен!
фото:Facebook/Dragica Stevkovska Drakce






