Мегафон парада на таленти

На завршниот концерт на „Нузичка фабрика“ во Скопје на сцената настапија сто и седумдесет деца

На завршниот концерт на „Нузичка фабрика“ во Скопје на сцената настапија сто и седумдесет деца

Во Македонскиот народен театар се одржа завршниот ревијален концерт на „Музичка Фабрика“ со млади музички таленти, со што беше заокружена првата сезона од овој детски музички проект.

На сцената настапија 170 деца: солисти, членови на хорот и танчари кои беа пречекани со голем аплауз.

Се испејаа 20 нови авторски песни напишани специјално за концертот од повеќе од 30 познати македонски автори, композитори, текстописци и музички продуценти.

Проектот опфати аудициски караван низ повеќе градови во Македонија: Струмица, Тетово, Битола и Скопје, каде учествуваа повеќе од 600 деца. Од нив беа избрани 20 солисти кои поминаа низ процес на музичка едукација, сценска подготовка и работа со познати музичари, а од дел од останатите учесници беше формиран хорот на „Музичка фабрика“.

Целиот процес, од аудициите до сцената, беше следен преку 28 телевизиски епизоди емитувани на Македонската радио телевизија.

To top