Радио Милева инцидент

Солзавец и стампедо на концертот на Рики Мартин во Црна Гора

Солзавец и стампедо на концертот на Рики Мартин во Црна Гора

На синоќешниот концерт на порториканскиот пејач Рики Мартин во Подгорица, организиран по повод 20 години од независноста на Црна Гора, бил фрлен солзавец, поради што настапот накратко беше прекинат.

Според објавите на социјалните мрежи, граѓаните во паника почнале да бегаат од плоштадот веднаш по инцидентот. Очевидци сведочат дека дел од присутните во првиот момент помислиле дека станува збор за експлозивна направа, што дополнително предизвикало хаос и вознемиреност кај публиката.

„Луѓето плачеа и бегаа од концертот. Беше фрлен солзавец, а многумина помислија дека е бомба. Дури сега настапот продолжи“, изјавил очевидец за српски „Телеграф“.

По краткиот прекин, светската музичка ѕвезда се вратила на сцената и со насмевка ѝ се обратила на публиката.

„Ништо нема да го запре ова шоу. Сакате уште?“, прашал Мартин, по што бил поздравен со громогласен аплауз. На социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа од инцидентот, а фановите го пофалија неговиот професионален однос и одлуката да го продолжи концертот и покрај безбедносниот ризик.

Рики Мартин го одржа концертот на Тргот на независноста во рамките на прославата на јубилејот на Црна Гора, а пред него како предгрупи настапија Тамаpa Живковиќ, Милена Вучиќ и Ненад Кнежевиќ – Кнез. (МИА)

фото:Вештачка интелигенција

To top