Мегафон „ВКУС И ТРАДИЦИЈА“

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Од 17 до 19 мај Diamond Mall ќе биде домаќин на уште еден интересен настан – Фестивал на македонски домашни производи. На фестивалот што ќе се одржува под мотото „Вкус и традиција“, своите производи ќе ги изложат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци.

Во деновите на одржување на фестивалот, посетителите во Diamond Mall ќе имаат уникатна можност да се запознаат, да вкусат и да набават голем број автентични производи како што се: домашен путер и масло од лешник, производи од тартуфи, комбуха, афион, бобинки и бадем, потоа домашно зреено месо и сувомеснати производи, сирење, зимница и мед, како и ракија, вино и пиво произведени во мали семејни дестилерии, винарници и пиварници. 

Со организацијата на овој настан Diamond Mall овозможува поголема промоција на традиционалните домашни производи со висок квалитет, кои честопати не можат да се најдат на рафтовите во продавниците, што истовремено значи и голема поддршка за малите локални производители на ваквиот вид храна и пијалаци.

Овој настан совршено се вклопува во концептот на Diamond Mall кој нуди врвно искуство и уникатно доживување за сите, преку комбинацијата на можности за одличен шопинг, за гастрономско уживање и за забава. Благодарение на ваквиот уникатен концепт, Diamond Mall за кратко време од неговото отворање прерасна во новата популарна дестинација за сите жители и посетители на главниот град.

To top