Радио Милева Бразилките „на апарати“...

Откако Македонката се појави на нивен терен, расните бразилски убавици, „паднаа на коленици“: Ана ја засени Копакабана (ВИДЕО)

Откако Македонката се појави на нивен терен, расните бразилски убавици, „паднаа на коленици“: Ана ја засени Копакабана (ВИДЕО)

Како што се наближува календарски летото, така се приближува денот за нов летен предизвик на македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова. расната велешанка како по правило и годинава избра нова егзотична дестинација, за „праскичките“ од својата „Пич армија“ (Peach army). А има ли повозбудливо место од Рио и прочуената Копакабана, една од најпознатите песочни плажи на светот.

Како што е редот за да не ги втурне своите следбенички во непозната авантура, Ана и самата најпрвин направи една соло тура до Бразил и неговиот најпознат туристички бисер – Рио Де Жанеиро – најпосетуваниот град на јужната земјина хемисфера.

А Рио како Рио, познат по најголемиот карневал на светот, фавелите и Самбата, гигантската статуа на Исус – спасителот, фудбалската магија и секако недогледната песочна Копакабана…!

Ана Стојанова не би била таа, ако не ги испита сите скриени можности што Рио може да ги понуди.

Дури ни  мизеријата во фавелите каде што цвета криминалот, не ја заплаши да ги истражи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

„Првите денови во Рио се фаќа боја и се спремаме за снимање на Summer Challenge 2026. Годинава ќе се надминеме повторно. Ова не е само предизвик, ова е цел животен стил и цел филм вреден за гледање“ – им порача на своите следбеници  Ана од сончевата Копакабана.

„Бидеј ќи целта не е само да бидеш слаб, туку да бидеш и секси, расната велешанка без комплекси се соблече на славната плажа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Онака распослана на крпа за капење со бразилското знаме, бујната инструкторка буквално сите ги занеме!

И  телото, како и душата треба да се храни, ама не со било што, па затоа по темнеењето на тенот, Ана со пазарење го продолжи денот.

Егзотично овошје, манго, киви и папаја полно минерали, витамини, за здраво тело и складни облини.

Од пазарење на молитва или само на прошетка, а кај Бога не се оди по танга. Во долг фустан и шамија, Ана Стојанова на врвот на планината Корковадо над Рио, во посета на статуата на Исус – спасителот. Тој како и сите други добронамерници со раширени раце ја пречека инструкторката, а таа, благодарна наживотот  својата „сочна армија“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Штом екскурзијата заврши, другиот ден еве ја Ана одново на Копакабана. Откако Македонката се појави на нивен терен, дури и расните бразилски убавици, „паднаа на коленици“, а оние од посилниот пол остана со „подзинати вилици“. Во мини бикини, во кои однапред кипат бујните силиконски облини, а одзади тангата длабоко потонала во големата извајана задница на велешката убавица, по чие тело нежно лизгаат капките вода под тушот, Ана ја засени Копакабана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Фото и видео: Инстаграм/annstojanova

To top