Неговото семејство има струмичко потекло, но тој е роден во Загреб, престолнината на Република Хрватска, а штом ќе влезе во своето полнолетство, решава да дојде да живее во татковината на своите предци – Македонија!

Фамилијата му има богата патриотска историја уште од турско време, па се до втората светска војна и по неа, за што и самиот отворено ќе зборува.

Во Скопје никого не познава, па за да преживее работи разни работи, но откако запознава група музичари го формираат нивниот бенд „Реквием“ во кој и ден денес пее и со кој музицира. Оттогаш наваму имаат мноштво песни, безброј настапи по локалите, кафулињата и клубовите ширум Македонија, но и надвор од неа.

Љубовта и родољубието кон земјата на потекло на неговата семејна лоза и крвта која му тече во жилите ќе го поттикнат уште при конфликтот во 2001-ва да напише песна за Македонија. Но од некои чудни причини тогаш нема да ја објави, за 25 години подоцна „Убава си“ да ја добие својата и музичка и видео визура, во вид на видоспот изработен со помош на вештачката интелигенција (АI).

Паралелно со својата музичка дарба, по една ТВ емисија на некогаш популарниот српски магионичар Биг Лале, тој во себе ќе ја открие и желбата и дарбата за занимавање со илузијата и илузионистичките трикови.

Особено со оние „одблизу“ (close up magic), во кои мќе се специјализира како менталист! Учествува и на бројни натпревари и првенства, а во 2013 ќе стане и балкански првак.

Нема да остане незабележан и од некои од водечките луѓе на оваа непризната уметност во светот, па така во 2014 еден од челниците на единствената академија за магија и илузија во светот, лоцирана во „градот на гревот“ Лас Вегас во САД, ќе го поканат да биде нивен стипендист, но и предавач. Таму ќе го запознае и еден од најголемите, а секако и најпознатиот изведувач на големата магија, Дејвид Коперфилд.

За детството, предците и семејството, за патриотизмот и македонштината во гените и вените, за музиката, името на бендот и новостекнатите другари – музичари, за пеаната за Македонија…

Но и за љубовта кон илузијата и занимавањето со магија и магионичарски трикови, за натпреварите и титулите, за едукацијата во непризнатата уметност, за светските имиња и ѕвездите на илузијата, за категориите во магионичарството, за магијата и политиката…

За личната употреба на илузијата и магијата во машко-женските релации и односи, за триковите од кои неколку и одблизу ќе ги демонстрира во самиот поткаст „Ништо лично“ во кој кај вашиот домаќин Антонио Димитриевски ќе гостува македонскиот музичар и илузионист, Ѓорѓи Гавровски, попознат како Гого – Реквием.

Премиерата оди вечерва, СРЕДА, 13 – ти мај со почеток во 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (
Фото: Инстаграм/gogo_rekviem






