Булок сподели галерија на Инстаграм посветена на жените во нејзиното семејство, како и ретки фотографии од нејзините деца од кога биле мали.
Сандра Булок со години успеваше да направи нешто што е речиси невозможно во Холивуд: да ги одгледа своите деца, Луис и Лајла, подалеку од рефлекторите, папараците и постојаното медиумско внимание.
Сандра Булок е една од оние актерки што публиката ги следи на големото платно со децении, додека за нејзиниот приватен живот се знае многу малку.
Ѕвездата, која наскоро треба да се врати во продолжението на „Магија“, ретко споделува семејни моменти, а уште повнимателна е во чувањето на приватноста на своите деца, 16-годишниот Луис Бард и 11-годишната Лила.
Затоа нејзината објава за Денот на мајките привлече големо внимание. Булок сподели галерија на Инстаграм посветена на жените во нејзиното семејство, како и ретки фотографии од нејзините деца кога биле мали. За актерката, која речиси никогаш не го отвора својот дом за јавноста, потегот беше исклучително личен.
Сандра Булок го посвои својот син Луис во 2010 година, на врвот на нејзината кариера. Само една година претходно, таа освои Оскар за улогата во „Слепата страна“, но потоа донесе одлука во личниот живот која, како што подоцна истакна, целосно ѝ го промени животот.
View this post on Instagram
Пет години подоцна, таа го прошири своето семејство со доаѓањето на Лаила, девојче кое било во згрижувачко семејство пред да биде посвоено. Актерката отворено зборуваше за важноста на разбирањето на децата кои доживеале рана загуба и несигурност, нагласувајќи колку им е потребна стабилност, трпение и љубов.
View this post on Instagram
За разлика од многу познати родители, Булок никогаш не го користела своето семејство како дел од својот јавен имиџ. Таа ретко ги носи своите деца на црвениот тепих, не ги изложува на медиумите и строго ја чува нивната приватност.
Нејзината одлука да ги остави Луис и Лајла да растат што е можно понормално не е моментална, туку долгогодишна животна филозофија. Исто така е познато дека таа остро се спротивставила на објавувањето на нивните фотографии без дозвола.
foto: printscreen/instgaram/bacebook/Sandra Bullock (L)




