Мегафон Денови на македонска култура во Белгија

Националниот џез оркестар на 5. мај во Брисел со „Македонски сновиденија“

Националниот џез оркестар на 5. мај во Брисел со „Македонски сновиденија“

Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“.

„Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на сцената на културниот центар Bozar претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст.

Концертот во „BOZAR“ е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која има за цел да ја афирмира македонската уметност и култура пред европската публика.

To top