Сите патишта водат кон Рим. Но, овој пат ова незаборавно патувања е за Мартинијан Кириловски и неговата девојка Лара Денковиќ кои ја почуствуваат убавината на оваа романтична престолнина.
Во пријатната атмосфера на Рим, 30-годишниот пејач ја побара својата сакана, која е осум години помлада од него, за да испишат ново поглавје во заедничкиот живот.

Мартинијан Кириловски на социјалните мрежи објави: „Од денес официјално моја!“, покажувајќи го свршеничкиот прстен.
Тие неуморно и возбудено продолжуваат да ги истражуваат убавините на италијанската престолнина.

Тие прошетаа низ историските улици, се восхитуваа на величествениот Колосеум и уживаа во магијата која ја нуди градот кој важи за една од најромантичните дестинации во светот.
За оваа убава млада двојка ништо немаше да биде комплетно без на сите јавно да им покажат колку е силна нивната љубов и нивото кое го достигна.
Токму такво беше и запросувањето кое се случи пред очите на сите во ресторанот каде вечерале. А чинот на запросувањето доби дури и аплауз.
Честитки!
фото: Facebook/ Мартинијан Кириловски






