Ана Бекута е грижлива за своето здравје, а неодамна откри дека нејзините напори се исплатиле.
Таа се пофали со медицинскиот извештај на својот Инстаграм профил.
Откако ги покажа резултатите од крвта, Ана откри дека, благодарение на балансираната исхрана, сè е во најдобар ред.
– По шест недели внимателна исхрана, мојата крвна слика е совршена! – се пофали пејачката на својот Инстаграм профил.

Да ве потсетиме дека Ана Бекута го роди својот син Игор кога имаше 17 години, додека сè уште беше во средно училиште. Беше млада, сама, околностите во нејзиното семејство беа такви што мораше да го направи најболното нешто за секоја мајка.
– На 17 години имав здрава и зрела одлука да родам дете, без разлика што ќе се случи на овој свет. Бев малолетна, односите во семејството, селото, околината не беа баш најдобри. За да ја средам ситуацијата и да се смирам, го сместив Игор во дом на Звечанска улица – рече еднаш Бекута.
фото:Instagram printscreen/anabekuta1







