Еден од најемотивните гласови на македонската музичка сцена – Давид Темелков, со својата песна „Мојата Македонија“ од 2023 година ги освои срцата на сите Македонци, а стиховите ретко кој остана да не ги слушнал или да не ги знае.
Иако веќе подолг период живее и работи во Хрватска, Темелков никогаш не ја прекинал врската со татковината. Напротив – таа врска доби и музичка форма, песната „Мојата Македонија“, која стана емотивен хит и обележје за Тамелков.

Давид деновиве беше гостин пред камерата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде зборуваше за неговиот најголем успех и вистинските животни вредности на кои за секој од нас му треба потсетување.
-Успех е да успееш по сите тие работни обврски, да се вратиш дома, да имаш време да го сослушаш својот најблизок, да ги видиш и сослушаш своите родители, пријатели. Да го задржиш семејството на едно место. За мене тоа е огромен успех. Живееме во едни времиња, еден свет каде што индивидуализам, и каде што многу често го запоставуваме, го забораваме семејството. Јас сметам дека семејството е базата, темелот на се’ она што ние сме. Така да, успехот да си здрав и жив, да ти е семејството на број, резимира Давид.
View this post on Instagram
За потсетување, Давид на 19 март во интимна атмосфера и искрена интерпретација го одржа својот прв солистички концерт.
фото:Facebook/ David Temelkov







