Мегафон На денешен ден

Вечен спомен: 29 години од смртта на Стево Теодосиевски

Вечен спомен: 29 години од смртта на Стево Теодосиевски

На денешен ден, во 1997-ма година, во Скопје почина Стево Теодосиевски. Беше македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист, сопруг на познатата пејачка од ромско потекло Есма Реџепова.

Роден е во 1924 година во Кочани. На почетокот на 1950-тите години работи како корепетитор на програмата на Радио Скопје. Во 1954 година ја запознава Есма Реџепова која подоцна ќе му стане животна сопатничка. Во периодот од 1960 до 1989 година Стево и Есма Теодосиевски живеат и работат во Белград, а потоа се враќаат во Скопје. Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители.

Ансамблот „Теодосиевски“ има одржано повеќе од 20.000 концерти, од кои околу 2.000 хуманитарни, има издадено 108 сингл плочи, 20 лонг – плеј плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, 6 видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ.

Стево Теодосиевски почина во Скопје на 9 април 1997 година. Добитник е на многу награди и признанија.

foto: prntscreen/youtube/Sasko Kordov/Stevo Teodosievski Bregalnica Oro

To top