Ви подаруваме примероци од новата книга „Клетата“ од Мо Хејдер, издание на Клуб Матица .
📖 Кратка содржина:
Страотна сообраќајна несреќа…
Алекс Малинс е свесна дека е една од оние што имале среќа. Таа се спаси од црната судбина на неколкуте нејзини соученици коишто загинаа во фатална автобуска несреќа при една повторна училишна дружба. Сега ја прогонува она што мисли дека го видела вечерта: привидение на костур од жена, позната меѓу локалните жители како „Клетата“ – жена којашто му носи несреќа на секој што ќе ја здогледа.
Мистерија што чека разрешница…
Алекс работи како полицајка во Глостершир и се бори да си го надмине минатото помагајќи им на другите луѓе. Но, кога нејзиниот пат се вкрстува со некој што бил таму во кобната ноќ, животот почнува да ѝ се распаѓа дел по дел.
Што навистина се случило вечерта на несреќата? И што треба да направи за конечно да се ослободи од морничавото привидение?
Нов крими-трилер од „Кралицата на стравот“, последниот роман на една од најпродаваните авторки во светот, Мо Хејдер – подгответе се за ужасите на Клетата.

🏆 Награда:
Добитникот ќе добие една книга „Клетата“ од Мо Хејдер, која може да ја подигне во книжарницата Матица Ексклузив, ул. Ѓуро Стругар бр. 13 (покрај Министерството за финансии). Контакт телефони: 02/3226652 или 02/3221 138.
👉 Како да учествувате?
Лајкувајте ја фан страницата на Вистина: facebook.com/vistina.com.mk
Во коментар тагнете пријател/ка.
Споделете го овој пост на вашиот профил.
✅ Секој учесник може да остави повеќе коментари и да тагне повеќе пријатели (со тоа си ги зголемува шансите за добивка).
📌 Правила на игра:
Giveaway-от трае до 13.04.2026.
Добитникот ќе биде избран по случаен избор.
Наградата не може да се заменува за пари или друг производ.
Добитник лично ја подига книгата во книжарницата Матица Ексклузив.







