Радио Милева убав гест

Бобан Рајовиќ доби вреден подарок: Пејачот го поддржа младиот колега

Бобан Рајовиќ доби вреден подарок: Пејачот го поддржа младиот колега

Младиот пејач Менил Велиоски објави нова песна „Kad prodješ ti kroz vene“, а дополнително внимание на јавноста привлече поддршката што ја доби од популарниот пејач Бобан Рајовиќ.

Имено, една интересна ситуација покажува дека ништо во музиката не е случајно. Менил наиде на песна која во тој момент не одговараше на неговиот сензибилитет и стил, па неговиот тим реши да го контактира Бобан Рајовиќ и да му ја даде песната, верувајќи дека е совршенa за него.

Тие не побараа никаква компензација за овој гест.

– Менил ме остави без зборови. Гестот на младиот колега е достоен за секаква почит, затоа ја има мојата голема поддршка за сè што е пред него, вклучително и за неговата нова песна – рече Рајовиќ.

Песната што Менил му ја подари на Бобан наскоро ќе ја види светлината на денот како дел од неговиот нов проект, додека Менил веќе бележи позитивни реакции од публиката за неговата нова песна.

Foto: print screen/Instagram/rajovicboban/menil.velioski

To top