Нина Бадриќ зборуваше пред српските камери за машко-женските врски, откривајќи дали повеќе ја привлекуваат помлади или постари мажи.
Во таа прилика, таа призна дека особено ѝ се допаѓа кога мажот е оригинален во своето додворување, а сподели и една многу необична ситуација која, за жал, не вроди со плод.
– Еден од пооригиналните обиди, и тоа е жива вистина, беше кога еден човек дојде и ми напарча да ми достават омекнувач за веш. Нарача омекнувач за да ме „омекне“ малку, и ми даде огромен омекнувач. Тоа беше навистина оригинално, но јас не омекнав, за џабе – рече Нина со насмевка.

Кога ја прашаа дали повеќе ја привлекуваат помлади или постари мажи, Нина призна дека помладите мажи повеќе ја привлекуваат.
Кога ја прашале дали верува во љубовта, Нина ентузијастички одговорила:
– Јас сè уште верувам само во љубовта и во добрите луѓе. Мислам дека достоинството и чесноста ќе се вратат во мода. Во последно време, се покажа дека поп-музиката е она што луѓето најмногу го слушаат, а таа може да ги расплаче.
View this post on Instagram
Foto: printscreen/intgaram/srbijadanas






