Веќе добро познато за естрадните дами е дека проверено успешна тактика за провокација и внимание, особено за пупликата пред која настапуваат и се претставуваат, е картата на провокација.
Токму така неизбежно, односно редовно „ја играат“ речиси сите , а ни пејачката Стојне Николова не е ништо покуса, и таа зрачи со сексапил, жари и пали каде и да се појави.

Атрактивната струмичанка е една од оние кои во последно време стануваат се поатрактивни, ама и се попопуларни, и по песните и по појавата, изгледот, облекувањето, однесувањето…
И токму кога на прв поглед помисливме дека Стојне од најнопвата објава си поиграла во вештачката интелигенција, сфативме дека всушност таа тргнала да прави нова фотосесија, се разбира и повеќе од реална.
View this post on Instagram
Николова ги пополни своите профили со нови кадри од професионалната фотосесија каде финалниот резултат е со светски шмек.

Секоја фотографија има своја приказна која зборува за сила, стил и жена што знае којa е. Трансформации со кои одлично се носи, особено со онаа каде наменски стилизираа куса фризура.

Стојне Николова со полна пареа работи на својата кариера и како што вели и самата, ужива во истото, а од се’ она што ни го сервира, тоа е и повеќе од јасно.
фото:Instagram printscree/stojne_official






