Радио Милева нова жртва во јатото злоупотребени

Игор Џамбазов е уште една жртва на сајбер измама: Измамниците му „спакуваа“ измислено интервју, а тој им порача едно- „Скапо ќе го платите ова!“

Игор Џамбазов е уште една жртва на сајбер измама: Измамниците му „спакуваа“ измислено интервју, а тој им порача едно- „Скапо ќе го платите ова!“

Сајбер измамата во Интернет просторот стана секојдневие… Во морето реклами, од оние лажните налепени на вистинските личности, најмногу страдаат познатите и славни фаци.

Од лекари како нашиот микробиолог Др. Никола Пановски, инфектологот др. Вело Марковски, или кардиологот др. Сашко Кедев, преку пејачките како регионалната фолк кралица Лепа Брена, фолкерката Милица Тодоровиќ, нашите Каролина Гочева и Антониа Гиговска, поп дивата Калиопи Букле, Андријана Јаневска, па се до водителки и модели, инфлуенсерки како Миа Костова и Лила Филиповска.

И покрај сите обиди на измамниците да им се влезе во траг, лажните профили и нивните измислени реклами да се запрат, речиси сите обиди остануваат безуспешни. И повеќе од тоа, зашто мрежата секојдневно се повеќе почна да се шири со нови жртви.

Сега измамниците „намирисаа“ дека е време таа жртва или уште една во јатото да биде Игор Џамбазов, па откако претходно го умреа, сега „повторно“ е жив и ослабен. Измамниците отидоа чекор подалеку, па не само реклама, туку со помош на AI му „спакуваа“ и измислено интервју !

Метата позната, а целта – божемна реклама за некакви препарати за слабеење кои наводно му ги препорачала извесна Елизабета, а од кои можеш да јадиш се’, а пак да ослабиш, за истите лажен репрезент  – Џамбазов. Фотографиите на Игор добро намонтирани, па од полничок со виснат стомак, станува како манекен.

Дека ова нема го остави само со неколку реда пишана реакција на социјалните мрежи, и препорака до следбениците да не наседнуваат, Џамбазов вели дека нема да остане онака како што им тргнало со измамата, туку скапо ќе платат за тоа, па во реакцијата вели:

-Не, не сум ослабен 20 килограми.
Не, немам од тие таблети, чаеви, масти, што и да се. И не, не познавам никаква докторка Елизабета, а уште помалку со неа сум договарал било што околу користење на мојот лик, дело, а во овој случај и тело, за некаква реклама. Ова видео, и уште многу други глупости на оваа тема веќе десет дена се појавуваат на Фејсбук. Ги пријавуваме, ги снемува, и после само неколку часа, повторно се појавуваат. Ова ви е класичен интернет криминал. И затоа адвокатите веќе работат, и наскоро ќе ги дознаеме овие бесчувствителни, криминогени суштества кои профитираат од туѓата мака.
Ви доаѓа крајот, да знаете…
И скапо ќе го платите ова – стои на профилот на Џамбазов на Фејсбук.

На потег се оние на кои сајбер криминалот им е работа, па се надеваме дека „нема да спијат“ и оваа и сличните вакви измами, бргу ќе ги откријат и сузбијат!

фото:Facebook/ Igor Dzambazov

To top