Радио Милева ја забрза одлуката

Ана Ивановиќ направи драстичен потег за разводот – сега сѐ зависи од адвокатите

Ана Ивановиќ направи драстичен потег за разводот – сега сѐ зависи од адвокатите

По разводот на еден од најхармоничните парови на јавната сцена, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, последиците се чувствуваат на сите полиња.

Според извори блиски до поранешниот пар, двајцата одлучиле да стават крај не само на својот брак, туку и на сите заеднички бизнис проекти кои им носеле милионски приходи со години.

Според изворот, станува збор за договори вредни милиони евра, кои вклучувале промоција на облека, спортска опрема, луксузни часовници и козметички производи. Нивниот заеднички настап бил гаранција за успешна кампања, бидејќи симболизирале хармонија, успех и здрав начин на живот.

– Ана и Швајнштајгер имале сериозни договори со големи компании. Нивниот имиџ како двојка бил исклучително ценет на пазарот. Сепак, по одлуката за развод, тенисерката јасно ставила до знаење дека не сака да продолжи никаква деловна соработка со својот поранешен сопруг – тврди извор запознаен со ситуацијата. Според истите информации, нивниот правен тим реагирал и ги информирал сите компании со кои соработувале дека во иднина ќе можат да ги ангажираат само поединечно. Оваа одлука, како што е наведено, е донесена со меѓусебен договор, но и многу решително, без намера нивните професионални патишта повторно да се вкрстат во иднина.

Ниту еден од нив не сака да прави повеќе заеднички проекти. Тие веруваат дека ова е најчистиот и наједноставниот начин сите да продолжат понатаму без никакви дополнителни компликации – додава изворот.

Дополнително внимание на јавноста привлече и информациите за деловните тешкотии со кои се соочи Ана неодамна. Имено, поранешната тенисерка инвестираше дури три милиони евра во започнување бизнис со козметика, што не го постигна очекуваниот успех.

Според достапните информации, лошата продажба била само еден од проблемите. Наводно, Бастијан барал дел од приходите од зделката, повикувајќи се на претходни финансиски и брачни договори, што Ана не сакала да го прифати. Токму ова недоразбирање дополнително го продлабочило јазот меѓу поранешните партнери и ја забрзало одлуката за целосно разделување, и приватно и професионално.

Foto: Instagram printscreen/ anaivanovic

To top