Студија спроведена во Турција на 59 мажи со предвремена ејакулација покажа дека оние кои добиле советување и вежби за карлично дно и вежби за длабоко дишење го зголемиле времето на сексуален однос во просек за речиси пет минути.
Тие биле подложени на комбинирана терапевтска програма осум недели. Сите добиле советување и вежби за карлично дно, додека половина од учесниците имале и сесии за длабоко дишење двапати дневно.
Според резултатите, групата која ги правела вежбите за дишење пријавила просечно зголемување на времето на сексуален однос од 283 секунди на крајот од програмата, додека другата група имала просечно подобрување од 206 секунди. Во месеците по завршувањето на програмата, разликите станале уште поизразени.
Кај учесниците кои не ги правеле вежбите за длабоко дишење, напредокот постепено исчезнал во текот на следната година, додека групата која ги правела дополнителните вежби за дишење го задржала подолгото времетраење на сексуалниот однос. Авторите наведуваат дека резултатите сугерираат дека комбинацијата од советување, вежби за карлично дно и контролирано дишење може да има потрајно дејство.
Авторот на студијата од Универзитетот Румели, д-р Умит Еркут, во труд објавен во „Journal of Sexual Medicine“, наведува дека вежбите за дишење носат подобри резултати по осум недели и по една година и ја зголемуваат силата и издржливоста на мускулите на карличниот под.
Учесниците, исто така, опишаа можен механизам на дејствување преку намалување на напнатоста и подобра контрола на возбудата за време на сексуалниот однос. Се наведува дека смирувачкото дишење може да ги зголеми нивоата на серотонин и може да придонесе за поголема стабилност и контрола за време на сексуалната активност.
извор:popara.mk
фото:Freepik







