Марија Шерифовиќ, вчера, 12 мај, тајно го крсти својот син Марио, во црквата Свети великомаченик Димитриј во Нов Белград.<
Пејачката направи крштевка на својот син во тајност, во присуство на семејството и неколку најблиски луѓе и не случајно избрала овој свет чин да се случи на Свети Василиј Остроски.
Сега на социјалните мрежи објави фотографија од крштевката и откри кој бил кум на малиот наследник.
На фотографијата се гледа како кумот го држи Марио, како и свештеникот кој го извршил овој прекрасен чин.
View this post on Instagram
– Вчера го прославивме Василиј Остроски, мојот прв „Американски ден на мајка“, но и крштевката на мојот мал син мек памучен принц. Ти стана Божјо чедо и Господ и Свети Василије да те чуваат од секакво зло – напиша Марија. Свети Василије Острошки е крштенската слава на нејзиното семејство, таткото Рајко, а Марија пред крштевката на својот Инстаграм сподели кадар од домот со кој ја честиташе славата.
фото: printskrin/instgaram/serifovic