Радио Милева зимски убавини и малери

Димитар и Сара на бординг авантура: „Трип*р комбинација, испуштен лет, откажан рент а кар, пад за сеирџии и селфи во туѓи цвикери“

Димитар и Сара на бординг авантура:  „Трип*р комбинација, испуштен лет, откажан рент а кар, пад за сеирџии и селфи во туѓи цвикери“

Водителско-пејачката брачна двојка Димитар Атансовски и Сара Мејс решија да си дадат мала оддишка од секојдневните работно-приватни обврски и да заминат на зимска ски тура. Само што снаместо скијањето нивна пасија е бордањето на даска, а зимската тура им се претвори во вистинска авантура.

Избраната дестинација мошне егзотична и луксузна кога е во прашање зимската понуда. Областа Тирол и снежните терени на  Золден, Вент, Гургл  на австриските Алпи. Природа насликана како од снежна бајка, терените писта, услугата беспрекорна, а за цената – подобро и не прашувајте. Ама се’ што е убавина и луксуз  чини скапо, па така некои работи немаат цена, како на пример овие поминати 5 дена… Или како што самиот Димитар вели: „Ништо на светов не може да се трампа со овие 5 дена на снег“… на прекрасниот алпски брег!

Зашто универзумот и природата создале такви чуда на кои не можеш да им се нагледаш… освен ако триста чуда не ти се случат уште по пат, додека стигнеш до чудесната убавина. Како на пример испуштен авионски лет, откажан рен а кар превоз, а твојот автомобил паркиран на аеродром во Приштина… И уште по некоја „трип*ер комбинација“ која сепак не успеала да им  ја расипе работата колу пристигнувањето, престојот, забавата во алпска природа на водителот и пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Кога сме веќе кај сите малери, Димитар сподели уште еден, овој пат за туѓ сеир. Колку за да не биде дека совршено ја владее даската, им приушти видео на сеирџиите на кое ќе се испружи на снегот, ринејќи го така добри 20-30 метри по стрмната удолнина.   За среќа без последици, само за сеир на неговата Инстаграм публика и широка насмевка, онака громогласна машка, на „снежниот јавач на даска“!

А штом застанале да се одморат, Сара овековечила уште еден момент – самата себе си насмеана во селфи елемент. Само што наместо во огледало, ова е селфи со два пара цвикери во туѓи цвикери… Или попрецизно, успеала да го преточи својот лик во неговите очи!

Како и да е ова биле пет незаборавни дена во кои Сара и Димитар уживаа на снегот на австриските алпи, а и покрај сите  „трип*ер комбинации“ среќно се вратија назад во Скопјем во својот дом… Освен што колата уште им стои на Приштинскиот аеродром!

Фото и видео: Инстаграм/dimitaratanasovski_and sarahmace__

To top