Фолк пејачката Теа Таировиќ ги изненади своите следбеници на Инстаграм со фотографии покрај мотоцикл, за кој напиша дека е на продажба.
Набрзо, под објавата почнаа да се појавуваат бројни коментари и прашања за цената, иако на крајот од објавата напиша дека прашањето е шега и дека на овој начин ѝ се заблагодарува на публиката за еден настап.

Теа, која инвестираше огромна сума пари во недвижности, позираше провокативно – во градник и кратко здолниште со реси, па нејзините долги нозе и бујни гради беа во преден план.

„Која е почетната цена?“, „Го купувам ова токму сега“, „Која е вашата конечна цена?“, „Премногу добро… мислам на мотоциклот“, беа коментарите.

Инаку, Теа за себе вели дека не направила никаква корекција но и дека се плаши од естетска операција.
View this post on Instagram
Foto: printscreen instagram/tea_tairovic







