Радио Милева во „Сале“

Милица Тодоровиќ за прв пат пред камера проговори за бременоста: „Два месеци после тоа дознав“

Милица Тодоровиќ за прв пат пред камера проговори за бременоста: „Два месеци после тоа дознав“

Пејачката Милица Тодоровиќ стана мајка на почетокот на февруари, а во филмот за Саша Поповиќ, за прв пат пред камерите проговори за бременоста.

Милица Тодоровиќ роди син кого го крсти Богдан, а се најде во центарот на вниманието кога се дозна дека таткото на нејзиното дете е оженет.

Во текот на целата бременост,таа речиси и да не се огласуваше, а до сега не проговори за бременоста. Сепак, во филмот „Сале“ во солзи и со грутка во грлото, таа проговори за својата бременост и истакна дека жали што немала време да му каже на Поповиќ дека ќе стане мајка.

Кратко по смртта на Саша, Милица остана во поинаква состојба, за која би сакала Поповиќ да доживееше да дознае.

– Многу ми е жал, па… По само два месеци, забременив и не успеав да му го кажам тоа – рече таа со грутка во грлото.

– Сигурна сум дека сега гледа, и знае сè, и навива – рече пејачката.

фото:Instagram printscreen/milicatodorovicofficial

To top