Пејачот Љуба Перучица е еден од оние мажи кои присуствувале на раѓањето на неговата сопруга, а детално опишал како изгледа раѓањето на детето од машка гледна точка. Пејачот пред шест месеци стана татко на прекрасното момче Алексеј, а најсреќниот момент успеал да го овековечи со својот фотоапарат.
– Успеав да го снимам моментот кога се роди. После 5 минути, всушност штом го средија, побарав да го земам во раце. Потоа плачев уште два часа. Ми рекоа да не плачам, но не може така. Тоа е желба која стои со години и сега целото време го поминувам со него – признал Љуба. Тој е горд на фактот што бил со сопругата Катарина за време на породувањето, а своите впечатоци како сведокот на радосниот чин силно им го препорачува на посилниот пол.
-Тоа искуство би го посакал на сите мажи, се разбира доколку имаат стомак за да не се онесвестат. Не се онесвестив. Отпрвин пробавме природно, но едноставно не функционираше со темпото како што одеше, а потоа отидовме на царски рез, но епидуралот не работеше најдобро. И потоа ме извадија додека ја заспиваа. Тој момент ми беше најтежок – открил Љуба за Гранд. Пејачот истакна дека има уште една неостварена желба, а тоа е неговиот мал син наскоро да добие сестра.
фото: printskrin/instagram/ljubaperucica