Пејачката Надица Адемов имаше непријатно искуство кога се онесвести за време на снимањето на еден од видеата за песните од нејзиниот нов албум „Милостиња“.
Во емисијата „Ами г шоу“ беше прикажано видео на кое Надица ја снима сцената за песната „Халиња свилена“, а потоа само вика некој да дојде до неа и да ја држи, по што паѓа во рацете на нејзините соработници, кои веднаш ја ставаат на стол.

– Тоа беше првиот музички спот и првпат кога работев со Кеки. Човекот беше во шок, само праша: „Дали ова често се случува?“. Беше многу жешко тој ден, а тоа беше првото од сите – рече Надица, а потоа додаде:
– Имав и трема и несоница, сè се спои. Па, барем ги предупредив дека ќе се срушам.

Инаку, пејачката неодамна беше фотографирана пред студиото на „Гранд“ во Кошутњак во нов автомобил „Порше“, во необична сина боја, чија вредност се движи помеѓу 80 и 120 илјади евра.
фото:Instagram printscreen/ademov_nadica







